Македонија

Франција сѐ уште не донела одлука дали ќе нѐ поддржи за старт на преговорите со ЕУ

Франција сѐ уште не одлучила дали ќе ја поддржи Македонија за старт на преговорите со Европската Унија. Францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние во интервју за Радио Слободна Европа, рече дека францускиот став на таа тема сè уште не е донесен, меѓутоа тие се на нашата страна во однос на евроинтеграциите.

Тимоние нагласи дека Париз е подготвен да помогне за олеснување на процесот за пристапување во Унијата, иако верува дека патот не е едноставен и не знае колку долго ќе трае.

Запрашан дали Македонија и Албанија се заложници на желбата на францускиот претседател Емануел Макрон за реформирање на ЕУ, Тимоние изјави дека треба да се види контекстот, во кој што говорел Макрон во однос на прпоширувањето на Западен Балкан и реформите во Унијата.

„Тоа беше тежок момент, за среќа успеавме да го надминеме за назначувањето на новите лица на Европската унија“, рече Тимоние.

извор:makfax

Препорачуваме:

Шахпаска: Новиот Закон за работни односи нуди модерни решенија во интерес на работниците

Ване Трајков

Вчера најмногу починати од ковид-19 во еден ден

27 годишно момче пронајдено мртво во својот дом во струмичко Мокриево

Ѓ. K.