• Wed. May 15th, 2024

Шахпаска: Новиот Закон за работни односи нуди модерни решенија во интерес на работниците

ByВане Трајков

Nov 14, 2021

Новиот Закон за работни односи ќе понуди модерни решенија што се во интерес на работниците, пишува министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска.

– Овој Закон прецизно ќе ги уредува договорите на определено време, чие времетраење ќе биде драстично променето, сезонската работа целосно ќе одговори и на потребите на работодавците, односно ќе им гарантира сигурна работна сила и за следната сезона и породилно отсуство чиј концепт го менуваме и воведуваме родителско отсуство и за татковците, објави Шахпаска на својот Фејсбук профил.

Таа додаде дека Министерството за труд и социјална политика продолжува со посветена работа во насока на унапредување на работничките права и очекува експертската јавност да го даде своето мислење на јавната расправа за овој Закон.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *