Регион

Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор во Гевгелија

Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии во Гевгелија е во фаза на потпишување на договор за отпочнување и реализација на проектот „Иновации, развој и вработување во земјоделскиот сектор“ со акроним IDEAS.

Проектот IDEAS ќе се реализира со финансиска поддршка од ИНТЕРЕГ ИПА Програмата за прекугранична соработка „Грција – Република Северна Македонија 2014 – 2020“. Фондацијата за локален развој и развој на информатички технологии е водечки партнер во проектот, додека партнери во проектот се Американското земјоделско училиште (AFS), од Грција и Мрежата за рурален развој на Република Северна Македонија, од нашата земја.

Проектот треба да придонесе за решавање на дел од многуте прашања во земјоделскиот сектор во општина Гевгелија и регионот, преку промовирање на претприемништвото за млади образовани кадри, со цел создавање нови одржливи агро-бизниси.

Главна цел на проектот e идентификување и поддршка на нови деловни активности во земјоделско – прехранбениот сектор, кои имаат иновативен потенцијал и кои можат да станат мултипликатори на компаративните предностите на регионот.

Проектот, исто така, треба да понуди решенија на идентификуваните предизвици преку промовирање на претприемништвото за млади високообразовни кадри со цел тие да создадат нови одржливи агро – бизниси.Во имплементацијата на проектот ќе биде вклучено производството на свежо овошје, зеленчук, вино и органското производство, но, исто така, и преработката на храна и Агро – туризмот.

Специфични цели на проектот се истражување на можностите за кариерен напредок што земјоделско – прехранбениот сектор им ги нуди на новите млади претприемачи и идентификување на иновативните деловни идеи кај младите во земјоделско – прехранбениот сектор.

Поддршка на млади претприемачи за надминување на бариерите за започнување деловни активности, како и обука на висококвалификувани кадри во специфичните области и деловна обука за критична маса на висококвалификувани професионалци во секторот. Реализацијата на проектот е предвидена да трае 18 месеци, а ќе започне веднаш по потпишувањето на договорот.

Препорачуваме:

На ГП Богородица запленети 200 парчиња боци со фреон

Ване Трајков

ПЕТ ЛИЦА ПОЧИНАА, УШТЕ 29 НОВОЗАБОЛЕНИ ОД КОРОНАВИРУС

Стојне Митева

Во Колешино граѓаните повторно протестираа против дивата сеча на Беласица

Ване Трајков