• Tue. May 14th, 2024

Во Колешино граѓаните повторно протестираа против дивата сеча на Беласица

ByВане Трајков

Mar 21, 2022

Ова е вторпат како жителите од Колешино и околните села излегуваат на протести. Најавија порадикални мерки ако шумската полиција и шумочуварите не воведат ред со дрвокрадството на Беласица

Жителите од подбеласичките населени места повторно излегоа на протест за да ги алармираат надлежните органи за неконтролираната сеча на огревни дрва од планината Беласица. Од Колешино упатија порака дека мора да се внимава кој влегува и кој излегува од шумата бидејки секојдневно дрвокрадци со нерегистрирани возила се упатуваат во Беласица за огревно дрво. Барањето го упатија бидејки стравуваат од појава на можни свлечишта

Ова е вторпат како жителите од Колешино и околните села излегуваат на протести. Најавија порадикални мерки ако шумската полиција и шумочуварите не воведат ред со дрвокрадството на Беласица

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *