• Tue. May 14th, 2024

Гевгелија се вклучува во унапредувањето на родовата еднаквост

Центарот за поддршка на НВО (РЦОР) во рамки напроектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“, како подгрантист, го спроведува проектот „Еднаквост и можност за сите“.

Проектот е финансиран од Еропската Комисија, во времетраење од 12 месеци, а го спроведува Центарот за истражување и креирање политики од Скопје.Проектот има за цел унапредување на родовата еднаквост во Општина Гевгелија преку вметнување на родови перспективи во планирањето на Буџетските програми.

Како проектни активности се планирани: мониторинг на Програмата за еднакви можности, средби со општинската администрација и членовите на Комисијата за еднакви можности при Советот на Општина Гевгелија, подготовка на извештаи, организирање јавен настан и подготовка и дистрибуција на информативен леток.

Од спроведувањето на активностите се очекува препораки за повеќе активности од родов аспект во Програмата за еднакви можности, нивна реализација, ревидирање на активностите во Акцискиот план за родова еднаквост и негова реална имплементација и анализа при распределбата на Општинскиот буџет на родово-рамноправен начин.

Имено, минатата година, во Општина Гевгелија, во рамки на проектот „Низ женски леќи: покревање на политики и буџетски иницијативи, следење на спроведувањето на локалните акциски планови за родова еднаквост“, беа реализирани три форумски сесии, на кои беа детектирани и приоретизирани проблемите во областите, за кои е надлежна локалната самоуправа.

Но, и изнајдени конкретни решенија за истите од страна на учесниците- граѓани кои живеат и работат на подрачјето на општина Гевгелија, се со цел подобрување на структурите на Буџетските програми од аспект на родовата еднаквост.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *