Македонија

Граѓански новинар: По реакциите на граѓаните Комуналец ги исчисти градските гробишта

Вчера екипи на ЈПКД „Комуналец“ од Струмица  спроведоа еко акција за чистење на просторот околу и во градските гробишта. Истовремено, комуналните екипи ја отстраниле и мини дивата депонија на влезот во Баница која, како што велат се појавува секој месец.

Претходно, преку апликацијата Граѓански новинар на ТВ Канал ВИС , граѓани реагираа дека гробиштата тонат во смет.

За оваа состојба и пријавите на граѓаните преку апликацијата Граѓански новинар, ги информиравме во омуналното претпријатие.

Оттаму го повторуваат апелот за пријава на отпад:

-Се надеваме дека апелите и укажувањата за пријавување на отпадот на бројот 13 110, за фрлање на отпад исклучиво во кантите за отпадоци и контењери ќе допрат до сите вас, а со тоа сите заедно ќе имаме поубава почиста околина, велат од ЈПКД „Комуналец“.

Препорачуваме:

Регулаторна одлучи – Од ноќеска поскапуваат дизелот и бензините!

Ване Трајков

Пендаровски-Борел: Новата геополитичка реалност укажува на потребата од интегрирање на регионот во ЕУ

Филипче: Лажен имејл се шири меѓу граѓаните, не подлегнувајте на оваа манипулација

Ване Трајков