• Tue. May 14th, 2024

Пендаровски-Борел: Новата геополитичка реалност укажува на потребата од интегрирање на регионот во ЕУ

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими Високиот претставник за надворешна и безбедносна политика на Европската Унија и потпретседател на Европската комисија, Жозеп Борел, кој со средбата со претседателот ја отпочна посетата на Северна Македонија.

Пендаровски ја оцени посетата на Високиот претставник Борел на Северна Македонија и на регионот како потврда за посветеноста и поддршката на ЕУ за Западниот Балкан, особено во светло на новата геополитичка реалност во Европа.

Претседателот подвлече дека отпочнувањето на пристапни преговори за земјава е тест за кредибилитетот на Европската Унија.

„Со новите геополитички динамики, ние не зборуваме за забрзување на нашиот процес, имајќи предвид дека Северна Македонија и Албанија имаат одлука за започнување на пристапните преговори од Советот на Унијата уште од март 2020 година“, рече Пендаровски.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *