Македонија

Трендот на нови случаи на ковид-19 во слободен пад

Трендот на новозаразени со ковид-19 и натаму е во опаѓање. Паѓа и вкупниот број на активни случаи кој изнесува 2.091 од кои пола во Скопје.

Најмногу активни, по главниот град, има во Прилеп – 148, во Битола – 135 и во Велес – 101, додека во другите градови нивниот број е под 100.

И покрај тренд на опаѓање на бројките, надлежните засега не планираат укинување или ново олеснување на рестриктивните мерки. Министерот за здравство Беким Сали викендот изјави дека сè уште не е време за такво нешто, бидејќи во земјите каде што тоа е направено имало повторно зголемување на бројот на заразени.„Ние како Министерство за здравство, Институтот за јавно здравје и Комисијата за заразни болести постојано следиме што се случува со државите кои што ги прекинаа мерките. Таму имате нагло враќање, односно зголемување на бројот на новоинфицирани. Според новата методологија која се практикува во сите држави, а тоа е мерење на ризикот врз здравствениот систем, не за поединците, еден од индикаторите е бројот на новозаразени, но важен индикатор е, исто така, и бројот на пациенти кои се хоспитализираат. Според таа состојба, ние се уште не сме подготвени за намалување на мерките“, истакна Сали.

Препорачуваме:

Бектеши на Делфи економскиот форум

Кривични за три лица со лажен ПЦР

Заев, Вучиќ и Рама: Неуспехот на ЕУ да ги исполни ветувањата оди против европската волја на нашите земји

Сузана Мицева