• Tue. May 14th, 2024

Владата на вонредна седница за санкциите за Русија и евакуација на македонските државјани во Украина

Владата денеска на вонредна седница ќе ја разгледа информацијата за новиот пакет на рестриктивни мерки на ЕУ во поглед на ситуацијата во Украина со препорака за придружувањето на Македонија кон сите одлуки на ЕУ за овој вид на рестриктивни мерки.

Министрите денеска ќе ја разгледаат и информација за потребата од обезбедување сместување на македонски државјани и членовите на нивните семејства по нивна евакуација од Украина.

За заклучоците и одлуките од седницата, којашто е предвидено да започне во 11 часот, јавноста ќе биде информирана со соопштение, веднаш по нејзиното завршување.

Претходно денеска Европската Унија најави нови санкции против Руската Федерација. Дополнителните санкции, како што се најавува, ќе имаат големи и тешки последици за Русија поради нејзините потези, а ќе бидат воведени во тесна координација со трансатлантските партнери.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *