Регион

Фатени мигранти кај Дојран

Синоќа во 22:20 часoт кај место викано Аниште, во близина на крстосница за с. Фурка, Дојранско, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор „Стар Дојран“ ги лишиле од слобода Т.В.(38) од Скопје, Л.А. (66) од Радовиш и П.С.(45) од Радовиш.

При контрола во возило „мазда“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Т.В., биле пронајдени седум лица мигранти од Сирија.

Додека, пак, возилото „фолксваген поло“ со радовишки регистарски ознаки, кое го управувала Л.А., а сопатник бил П.С., служело како претходница.

Мигрантите биле спроведени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија, а трите лица биле приведени во Полициската станица Гевгелија.

За настанот бил запознаен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Препорачуваме:

Почна со наплата на патарина кај Смоквица

Ване Трајков

Во Гевгелија се одржаа активностите од Програмата предвидена за дводневниот културно-уметнички Фестивал „Mладински бран“

Ѓ. K.

До 16.00 часот ќе биде затворен патот кон Сачево

Сузана Мицева