Регион

Почна со наплата на патарина кај Смоквица

Од утрово почна да се наплатува на новата патарина на автопатот Демир Капија-Смоквица, информираа од Авто-мото сојузот на Македонија. Цената е 100 денари за возила, со што оваа патарина е најскапа во земјава.

На патарината кај Смоквица има 10 наплатни рампи, односно пет кон Гевгелија и Грција и исто толку кон Скопје. На патарината е инсталирана опрема за наплата со картички.

Патарината кај Смоквица почнува со работа откако Јавното претпријатие за државни патишта го пушти во употреба споредниот пат до Гевгелија за жителите на околните села.

Автопатот Демир Капија-Смоквица беше пуштен во употреба на 23 април лани. Оваа делница од автопатот е долга 28,2 километри, а изградбата чинеше 218 милиони евра, и плус 10 милиони евра за надзор.

Препорачуваме:

Приведени дилери во Валандово, пронајдени марихуана и муниција

Ѓ. K.

Објавени кои се наградени маски од Струмичкиот карневал

Ване Трајков

Листа со добитници на субвенции за инвертер клима уреди во општина Василево

Ване Трајков