• Mon. May 13th, 2024

До 16.00 часот ќе биде затворен патот кон Сачево

Денеска се става втор слој асфалт на патот кон селото Сачево. Поради тоа, патот ќе биде затворен во следните четири часа. Вака информираше Општина Струмица, која побара разбирање од граѓаните за градежните активности.

„Поради изведување на градежни активности, односно ставање втор слој асфалт, патот кон селото Сачево ќе биде затворен за сообраќај од 12 до 16 часот. Бараме разбирање од жителите на селото и останатите кои во овој период имаа потреба од користење на овој патен правец“, велат од општината.