Свет Спорт

Двајца Срби го освија светот

Двајца Срби, врвни имиња, се запишаа во историјата на нивните спортови.

Во неделата Новак Ѓоковиќ стана шампион на Ролан Гарос, со што ја освои 23. Грен слем титула во кариерата и стана единствениот во историјата на машкиот тенис.

Еден ден подоцна, Никола Јокиќ, го освоји својот прв шампионски прстен со Денвер Нагетс. Тоа беше нешто што му недостигаше за да може да помине низ вратата на најголемите досега.

„Ова сигурно е најсветлата ера во историјата на српскиот спорт“, одговори Никола на прашањето на медиумите на конференцијата по освојувањето на прстенот.

„Спортот во Србија е нешто што нѐ става пред сите, дури и пред 10-20 години. Особено сега кога го имаме Ѓоковиќ. Тој e најдобриот тенисер досега. За нас тој е најдобар. Се разбира, сега имаме титула во НБА. Мислам дека е многу убаво да се биде Србин во моментов“, порача Јокиќ. 

Препорачуваме:

Наковски волеј го доби Универзитет Тетово, Струмица тимот на Вардар за противници во полуфиналето од Купот

Блокотехна во полуфиналето од КУПОТ во Гевгелија Кожув не успеа да се пласира

Ване Трајков

СЗО објави план за Ковид-19 со три можни сценарија

Сузана Мицева