• Wed. May 15th, 2024

Прилеп под вода од силното невреме со дожд

Силното невреме што го зафати попладнево Прилеп ги поплави улиците. Засега нема пријави за штети и поплави низ домовите и стопански објекти во градот. Наноси од кал и отпад носеше водата по улиците, за што веднаш интервенираа екипите на противпожарната единица и комуналното претпријатие.

Екипите на ЈКП,,Комуналец“ работат на расчистување на градските улици, а ЈП,,Македонија пат“ на регионалните патишта од остатоците – наносите од водата (ѓубре, земја и друго), соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

„По поројниот дожд кој го зафати Прилеп во временскиот период од 15.00 часот до 16.00 часот, заради неможноста атмосферската канализација да ги прифати големите количини вода, дојде до полавување на улиците во централното градско подрачје со што беше отежнато одвивањето на сообраќајот. Со намалувањето на интензитетот на врнежите, состојбата се нормализира“ соопшти ЦУК.