Македонија Регион

Колку се задоволни пензиoнерите од пензиите,доволни ли се да се помине месецот?

Тешко се поминува  месецот и треба зголемување на пензиите,тврдат пензионерите.Некои коментираат дека работат на село да заработат денар плус,но не го велат истото и оние кои се во лоша здравствена состојба.

Пензионерите кажуваат дека и цените на прехрамбените продукти се многу високи и дека  е тешко да се преживее месецот.Најниски пензии  имале 35.478 од вкупно 334.057 пензионери, или 10,6 проценти живееле во март со пензии од 11.897 денари до 15.250 денари.

Најмал е бројот  на оние со високи пензии. Во државата, пензија над 1.000 евра земаат 408 пензионери. Во максималните пензии, како што ги води и статистиката на Фондот за ПИОМ спаѓаат и оние од 48.304 денари, потоа  од 50.320 денари и од 51.840 денари, а со вакви пензии има 1.073 пенионери. Од 2017 година до денес просечната пензија се зголеми за рекордни 5.262 денари.

Во 2017 година таа изнесуваше 13 954 денари додека денес таа изнесува 19.216 денари. Од донесувањето на новата методологија и усогласувањето кое ќе биде во септември пензиите ќе се зголемат за над 25% вели во изјава Јована Тренчевска. 

Препорачуваме:

Објавен е Јавен повик за Стратегија за енергетска ефикасност на Општина Струмица

Ѓ. K.

Обвинителството почна да ја разгледува документацијата за модуларната болница во Тетово

Големи светски имиња на музичкиот спектакл GetEXITed на 7 септември во Струмица!

Ѓ. K.