Забава

Бритни Спирс повторно ќе стане мајка

Пејачката Бритни Спирс соопшти дека е бремена со трето дете.

Спирс (40) не само што ја откри својата бременост туку и објави дека се омажила за својот свршеник Сем Асгари (28) нарекувајќи го мојот сопруг во објавата на „Инстаграм“ во понеделникот.

Спирс опиша како забележала промени во стомакот и веднаш сфатила дека ваквите промени не се должат на зголемување на телесната тежина.

„Направив тест за бременост… и … имам бебе“, напиша таа.

Поп-ѕвездата исто така раскажа дека имала депресија во текот на претходната бременост и дека сега чувствува оти жените може поотворено да разговараат за своето ментално здравје додека се бремени.

Препорачуваме:

17 Астерфест ќе се одржи од 5-9 август

Сузана Мицева

Поетска вечер со Никола Маџиров во гевгелиската библиотека

Сузана Мицева

„Куклена сказна“ за месецот на книгата во Дабиље

Сузана Мицева