• Tue. May 21st, 2024

Поетска вечер со Никола Маџиров во гевгелиската библиотека

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“- Гевгелија, по повод Патрониот празник- 150 години од раѓањето на Гоце Делчев, организира Поетска вечер со Никола Маџиров.

На 4 февруари, со почеток во 18:00 часот, во Народниот театар, покрај преставувањето на Маџиров со поезија, настанот ќе биде збогатен со концерт на „Џез трио“, во кој членуваат Пенче Кралев, Влатко Сапламаев и Момчило Делев. Модератор ќе биде Пепи Стамков.
            По повод одбележувањето на Патрониот празник, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ ја поканува гевгелиската јавност да го посети поетско-музичкиот настан, со почитување на КОВИД-мерките и протоколите за заштита од вирусот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *