• Sun. May 19th, 2024

17 Астерфест ќе се одржи од 5-9 август

17-тото издание на Интернационалниот филмски фестивал “Астерфест” ќе се одржи од 5 до 9 август во Амфитеатарот во Струмица со бројни филмски настани.


Во селектираната програма ќе се прикажат дваесетина нови и интересни филмски содржини од Европа, САД, Велика Британија, Австралија, како и од неколку балкански и македонски автори и продукции. За отворањето на 5-ти август е предвидена проекција на филмски блок составен од „Северен пол“ на Марија Апчевска и уште шест ексклузивни кратки играни филмови.За затворањето на 9-ти август, како куриозитет на фестивалот, ќе има специјална премиера со проекцијата на документарецот „Трн“ на авторите Никола Пијанманов и Столе Ангелов.


Мотото на овогодишниот „Астерфест“ е „Светлините на астерот“, а манифестацијата е традиционално поддржана од Општина Струмица.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *