Забава

Антево слово за Антоновски

Познати се добитниците на наградата Антево слово 2021. Годинава Антево слово за Антоновски. Годишен лауреат на Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“ (Il Parnaso – Concorso di Poesia – Premio Angelo La Vecchia) во соработка со здружението за развој на култура и заштита на културно наследство „Контекст – Струмица“, е Иван Антоновски. Наградата ја доби за песната „Нека биде запишано“.

Жири-комисијата на „Антево слово“ 2020/2021 година – Сицилија, Италија, е во состав: Геро Ла Векија, Митко Гогов, Драгана Евтимова, Александар Поповски и Жорж Поповски. По разгледување повеќе од 120 пристигнати дела, за првонаградената песна „Нека биде запишано“ во образложението велат:

„Познато е дека Анте Поповски како есеист многу често се занимавеше со археологијата на зборовите откривајки ги првите поетски објави кај нашите монаси во средновекоивието. Тој се обидуваше да ги одгатне, дооформи и дешифрира празнините во тие први објави на поетското кај нас. Дали намерно или како коинциденција, сеедно, песната со која Иван Антоновски учествуваше на годишниот конкурс Антево слово, со наслов Нека биде запишано, се поклопува со таа пасија на Анте. Односно, со истражувањето на археологијата на зборот. Таквото истражување на епитафите и јазикот на предците, кој полека бледнее и му се губи трагата, ја симболизира нашата генеза. Но, истовремено и напуштањето на домашното огниште и исчезнувањето на традиционалните вредности.

Песната „Нека биде запишано“ на Иван Антоновски сe истакнува по неговиот оригинален пристап. Како и за толкување на веќе познатата и надалеку обработувана тема. Автобиографскиот носечки столб. Автентична по епското препуштање во минатото/меморијата на народот, тој говори за една новоконструирана историја во која се проткајува духот на Анте, роднокрајниот амбиент, а паузите во текстот прават ентрописко пробивање, па книжевниот шум дополнително ја засилува емоцијата на присутност и на она што го имало, но веќе е исчезнато.

Со прифатлив колоквијален говор тој ја доближува комуникацијата со предците. Тежината на оттуѓувањето, на заминувањето. Проникнува во сагата на нашиот народ и алармира за можната судбина. Тој е толкувач и предвесник во оваа песна. Неговиот наратив кореспондира со актуелниот момент. Асоцира на херојски акт, што сака да забележи универзален чин на посветеност. Колективната меморија на македонскиот народ е збогатена со антологиска песна која е своевиден темел на нашата борба за опстанок овде и во светот.

Наградените автори ќе бидат застапени во новата антологија на Меѓународната поетска манифестација „Анџело Ла Векија“.

Препорачуваме:

Во петок по 12 пат „Под кулите на Струмица“

Сузана Мицева

Киро Донев напиша романизирана биографија за Видое Подгорец

Сузана Мицева

Макенбалската забава на основците од „Никола Вапцаров“ трае и по карневалот

Сузана Мицева