• Fri. May 17th, 2024

Во петок по 12 пат „Под кулите на Струмица“

Фестивалот на староградска песна „Под кулите на Струмица“ ќе се одржи по 12 пат во Струмица. Како и секоја година, фестивалот ќе се одржи во Центарот за култура „Антон Панов“.

Годинава ќе настапат четири ансамбли од Струмица, Радовиш, Гевгелија, Валандово и една група од Штип.

„Под кулите на Струмица“ е фестивал на староградски песни и серенади кој веќе 12 години се оддржува во Струмичкиот центар за култура ,,Антон Панов’’. Фестивалот има ревијален карактер, а на истиот учествуваат музичко – вокални ансамбли кои ја негуваат староградската песна и серенадата. Покрај староградски ансамбли од Македонија, во неколку фестивалски изданија учество зедоа и пејачки групи од неколку балкански земји.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *