Струмичанецот Ѓеоргиев стана одбојкарски Цар на Јапонија

Струмичкиот одбојкарски интернационалец Никола Ѓорѓиев со неговата екипа Торај од Јапонија го освои Царскиот куп што е огромен успех за капитенот на македонската одбојкарска селекција. Тој со неговите соиграчи во големото финале од Царскиот Куп го совлада тимот на Тојота со 3:2 по сетови .

Ѓорѓиев  беше еден од двата најдобри поентери во екипата на јапонски Торај и ова е голем успех на македонскиот репрезенативец по трансферот од француски Париз.

 

Related posts

Денеска предвелигденски Брера Струмица во Турново со штипска Брегалница за нова победа и опстанок

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига