Ексклузивно – Никола Мицев од струмички ,,Ролинг 08,, во унгарски ,,Ујпешт МТ,,

Младиот плејмејкер  на КК ,,Ролинг 08,, Никола Мицев  по празниците заминува во унгарски КК ,,Ујпешт МТ ,, од Будимпешта, . Според информациите на ВИС СПОРТ,  15 годишниот Мицов  потпишал 4 годишен договор со кошаркарската академија на ,,Ујпешт МТ,,  чии сениорски тим се натпреварува во Втората унгарска лига. Веста ја потврдија и од ,, Ролинг 08,, од чии редови пред две сезони замина и Кирил Панов во Шпанија

Младиот струмичанец  со својата игра оставил силен впечаток  кај раководството на КК,, Ујпешт МТ,, кои подолг период ги следеле настапите на Мицев . Одлуката за ангажирање на плејмејкерот на Ролинг 08 падна, откако Никола Мицев со младинците  на ,,Ујпешт МТ,, беа на турнирот ,,EYBL,, лига за младинци  во Прага Чешка каде струмичанецот дал одлични партии како во нападот така и во одбраната  и го освоиле второто место.

Никола Мицев , седум години по ред  е член на КК ,,Ролинг 08,,  и под тренерска палка на Зоран Гонев постојано се надградуваше и усовршуваше и беше еден од најистакнатите поединци во неговата генерација. За него интерес покажуваа и други кошаркарски академии. Со преминувањето во унгарски ,,Ујпешт МТ,, се отвара можноста Мицев професионално да се усовршува и да набргу да заигра во некој од европските клубови .

Со овој трансфер ,,Ролинг 08,, се покажа како расадник на млади таленти и потврда дека во овој струмички кошаркарски клуб се работи квалитетно и професионално со младите надежи за кои интерес покажуваат европски реномирани кошаркарски академии.

Related posts

Денеска предвелигденски Брера Струмица во Турново со штипска Брегалница за нова победа и опстанок

Младинките на Наковски волеј го „запечатија“ своето место во финалето на одбојкарското првенство

Брера триумфираше против Вардар, освои три доста важни бодови за опстанок во Прва лига