Со звучни имиња од цела Македонија, почна новогодишниот турнир во мал фудбал во Василево

Викендов стартуваше традиционалниот турнир во мал фудбал што секоја година се одржува во Василево по повод престојните новогодишно-божиќни празници. Според информациите, на турнирот во сениорска конкуренција се пријавиле и ќе се натпреваруваат вкупно 22 екипи од струмичкиот регион но и од Скопје, Куманово, Неготино, Радовиш и Миравци.

Како што информираа од организациониот одбор , според пријавите на екипите со кој фонд на играчи ќе настапуваат  се очекува и годинашниов турнир да биде силен со неизвесни натпревари и многу голови. Колку за илустрација на првите три натпревари од овој турнир паднаа дури 27 голови.  Дарко ТТ загуби од  Берлик Струмица со 3:7 , Стоби Винарија славеше против Конче со 4:3 додека Единство од Владевци го демолираше Едерниково со 8:2

Наградниот фонд на овој турнир изнесува 200 илјади денари а престојните денови се очекува да започнат и дуелите во младинска категроија. Турнирот во Василево кој е под покровителство на општината и градоначалникот Ванчо Стојанов се очекува да заврши околу Божиќните празници

Related posts

Отворено Државното првенство во одбојка за основни училишта во женска конкуренција

Девојчињата од ЖФК Тиверија добија Дипломи за учинокот од минатиот месец

ООУ „Св. Кирил и Методиј“ од Дабиле е државен првак во футсал за основни училишта во машка конкуренција