Повеќе од 1400 лица се вработени во Струмица преку проектот „Македонија вработува„

Повеќе од 1400 лица се вработени во Струмица преку проектот „Македонија вработува„. Оваа бројка е регистрирана во Центарот за вработување во Струмица минатата година. Како што рече директорката Павлина Георѓиева, во тек е проектот „Македонија вработува-2“ , со што значително ќе се зголеми бројката на вработени лица во Струмица.

Проектот „Македонија вработува овозможува вработување на невработени лица до 35 години, лица од 35 до 50 години кои повеќе од 10 години се без работа, лицата над 50 години, како и лица од ранливите категории на граѓани, приматели на социјална парична помош, самохраните родители, родителите на 3 или повеќе деца, децата без родители и родителска грижа и родителите на деца со пречки во развојот.

Related posts

Претставата „Види, летам!“ на 10 мај на малата сцена во „Антон Панов“ – Струмица

Фондација Елеуса го најавува вториот хуманитарен настан „Децата со љубов – Концерт на добрината“

Градоначалникот Костадинов го честиташе 7 Мај – Денот на македонската полиција