Учесниците од Србија и Германија импресионирани од струмичката ликовна колонија

Тодор Јовановски е еден од 20-мината учесници на струмичката ликовна колонија. Роден е во Тетово, а живее и работи во Белград, па годинава на негово големо задоволство, а по заслуга на своите другари и за прв пат учествува на оваа прекрасна манифестација. Вели дека гостувал на повеќе од 130 Меѓународни колониии, но струмичката според него е најдобра. Во моментов работи две слики на платно, а вели дека тој што ќе успее да нацрта женски лик е добар уметник.

Армин Луц е уметник кој доаѓа од Германија. И ова е негово прво учество на струмичката колонија, а за своите слики најчесто користи маслени бои.

20-мина уметници од земјава и странство се очекува да создадат околу 50-тина различни дела, со што ликовната колонија во Струмица ќе биде збогатена со над 2600 нови дела.

Related posts

Во Негорци се одржа Меморијален турнир во баскет 3Х3 „МИТЕ ТУТИ“

ЦУК: Изби пожар во Домот за стари лица во струмичкото село Банско

Градоначалникот Костадинов со видео обраќање им го честиташе големиот христијански празник Велигден на сите верници