Меѓународната струмичка ликовна колонија ќе биде збогатена со уште 50-тина нови дела

Меѓународната струмичка ликовна колонија и годинава ќе биде збогатена со нови различни дела. Во ателјето при Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица веќе почна работната атмосфера. Домашни и странски уметници ги презентираат своите замисли и идеи. На годинашната 53-та струмичка ликовна колонија учествуваат сликари, графичари и мозаичари, а ќе биде изработена и една скулптура.

20-мина уметници од Македонија, Полска, Русија, Германија, Бугарија, Србија и Италија се очекува да создадат околу 50-тина различни дела, со што ликовната колонија во Струмица ќе биде збогатена со над 2600 нови дела.

53-та Меѓународна струмичка ликовна колонија ќе заврши на 12 август, а сите дела ќе бидат изложени на 11-ти септември, Денот на ослободувањето на Струмица.

Related posts

Ученици од основните и средните училишта на општински натпревар по прва помош

РЦСОО „Никола Карев“ Струмица го одбележа својот патрон

Гевгеличанка измамила Грк со 2000 евра, лажела дека е вработена во Царина