Регион

ЈПЕД „Струмица – Гас“ врши проширување на гасоводната мрежа во градот

ЈПЕД „Струмица-Гас“ врши проширување на гасоводната мрежа во градот. Наскоро ќе започне изградбата на нов дел од примарна и секундарна градска дистрибутивна гасоводна мрежа на некои улици во градот.

-Станува збор за улиците „Кочо Рацин“, „Јосиф Јосифовски-Свештарот„, „Кузман Јосифовски-Питу„, Тошо Арсов„, „27-ми Март“ и „Стив Наумов“, рече директорот на Струмица Гас, Зоран Китанов. Според него, овие улици се тесни, па затоа голем дел од активностите ќе се изведуваат рачно.

Мината недела завршија и активностите на улицата „Иљо Шопов„  во должина од 830 метри, каде е поставена нова секундарна мрежа. Граѓаните од тој дел на градот веќе можат да се приклучат на природен гас, рече Китанов.

Струмица-Гас е прва македонка фирма која влезе во Друштвото на енергетска заедница на дистрибутери на природен гас на Европа, рече директорот Китанов.

 

Препорачуваме:

Поминувањето на гасоводот од Грција крај Гевгелија отвора можности за регионот

Сузана Мицева

Обуки за мали производители на локални производи во Гевгелија,Валандово и Богданци

Матурантите ги добија резултатите од државната матура

Ѓ. K.