• Wed. May 15th, 2024

Матурантите ги добија резултатите од државната матура

ByЃ. K.

Jul 4, 2023

Само еден паднат кандидат по предметот англиски јазик од матурантите во СОУ „Јане Сандански“

Матурантите денес ги добија резултатите од државната матура. „Резултатите се веќе објавени и учениците можат да ги проверат на официјалната страна на на Државниот испитен центар – Државна матура, како и на огласната табла на училиштето“, вели директорката на гимназијата Невенка Стојанова.

Објавени се и резултатите за матурантите од СОУ „Никола Карев“. Директорот Петков вели дека се задоволни и дека резултатите се со многу добар успех.

СОУ „Димитар Влахов“ матурата ја поминаа релативно добро – така изјави директорката Јасмина Цамбулева. Само два ученика по македонски јазик не ја положиле матурата.

Учениците можат своите резултати да ги видат на видни места во училиштата, како и на официјалната страна на Државниот испитен центар – Државна матура.

Прилог на Ивана Вангелова

By Ѓ. K.