Регион

Поминувањето на гасоводот од Грција крај Гевгелија отвора можности за регионот

Поминувањето на гасоводната цевка од интерконективниот гасовод со Грција во близина на Гевгелија ќе значи и гасификација на градот и намалување на загадувањето, порача денеска вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, по средбата со стопанствениците во Гевгелија. 
-Тоа е следниот приоритетен проект во делот на енергетиката. Кракот на гасоводот од Неготино до Грција со кој ќе се поврземе гасоводно со уште една земја од регионот ќе поминува во близина на Гевгелија. Секако дека дел од таа цевка ќе има излез во Гевгелија и мислам дека ќе отвори простор за нови перспективи за градот, за помало загадување со по еколошко гориво, изјави Анѓушев.
Гевгелија, посочи, има сериозни перспективи од пријателството со Грција што се воспостави во последниот период како најблизок град до границата.
-Гевгелија во наредниот период треба да има сериозен импакт од близината со Грција како една од земјите коишто се економски најразвиени во регионот, потенцира Анѓушев.

Препорачуваме:

За пластични шишиња добиваш овошни садници

Стојне Митева

Денеска времето сончево и топло, максималната температура до 20 степен

Туристичко – гастрономска изложба во Гевгелија

Сузана Мицева