• Wed. May 15th, 2024

Туристичко – гастрономска изложба во Гевгелија

Традиционалната туристичко гастрономска изложба, што ја организираат студентите и професорите на Факултетот за туризам и бизнис логика во Гевгелија, денес се одржа во просториите на факултетот во Гевгелија. На изложбата беше означено и 11-годишното успешно работење на Факултетот за туризам и бизнис логика во Гевгелија. Инаку, и овој пат студентите од овој факултет се претставија со своите стекнати знаења, вештини и искуство за развој на туризмот и гастрономијата.
Притоа, беше нагласено значењето на факултетот, кој секоја година продуцира остручени кадри, кои својот работен ангажман најчесто го бараат и наоѓаат во хотелско-угостителските капацитети на ова подрачје. Но, истовремено е укажано и на потребата од поголема поврзаност на факултетот со бизнис заедницата..

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *