• Sun. May 19th, 2024

Заменик претседателот на Чешка, Јан Хамчек во посета на Гевгелија

Заменик претседателот на Владата и министер за внатрешни работи на Чешката Република, Јан Хамачек, кој се наоѓа во официјална посета на нашата земја, заедно со амбасадорот на Чешката Република, во нашата земја, Мирослав Томан, и министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија,Оливер Спасовски, денес престојуваа во Гевгелија.

Притоа, имаа средба со градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков, кој ги запозна гостите од Чешката Република со развојот на општина Гевгелија.
-Местоположбата на Гевгелија, особено, сега по потпишувањето на Преспанскиот договор, придонесуваат досегашната успешна меѓугранична соработка со пограничните општини во соседна Грција, да биде унапредена. Посебно на стопански план за што веќе имаме заинтересирани светски брендови, како што се Веро и Џамбо, да инвестираат во овој пограничен регион.

Оттука и забрзаните подготовки за комунално-инфраструктурно уредување на ТИРЗ„Прдејци“, која се протега на 50 хектари и располага со 20 градежни парцели за нови инвестициони вложување, истакна градоначалникот Сашо Поцков, заблагодарувајќи им се на чешките полицајци, кои заедно со полицајците од европскиот контингент и македонската полиција ја обезбедуваат македонск-грчката граница.


Заменик претседателот на Владата и министер за внатрешни работи на Чешката Република Јан Хамачек се заблагодари на гостопримството, посебно, за чешките полицајци, кои и натаму ќе останат во овој регион и ќе ја обезбедуваат македонско-грчката граница. Притоа, изрази надеж дека сликите од бегалската криза во 2015 година нема да се повторат, бидејќи токму загрозеноста на нашата земја и општината била причината за стационирањето на европски полицајции.


-На последната средба на Советот на министри во ЕУ разговаравме и за мигрантите на овие простори, при што констатиравме дека при нов мигрантски бран, Грција ќе се заложи одлучно за негово запирање. На наше задоволство деновиве тоа се случи, бидејќи грчките надлежни органи се спротивставија одлучно на обидите на мигрантите да се упатат кон север. Се радувам на потпишувањето и имплементацијата на Преспанскиот договор, бидејќи недвосмислено го трасира патот на Македонија кон ЕУ, рече покрај другото Јан Хамачек.


За време на престојот во Гевгелија, гостите од Чешката република го посетија граничниот премин Богородица и Прифатниот транзитен центар „Винојуг“.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *