Регион

Јосифовско лето нема да се одржи

Организацискиот одбор на манифестацијата „Јосифовско лето“ информираат дека и покрај огромната желба, големите напори, одлучноста за почитување и спроведување на сите предвидени мерки и протоколи, одлучивме јубилејниот 30-ти турнир во мал фудбал ЈОСИФОВСКО ЛЕТО да биде одложен и истиот да се одржи наредното лето – Август-2021 година. Иако за оваа година беше планирано одбележување на овој голем јубилеј,пропратен со голем број на настани како спортски така и културни,а земајки ја во предвид и масовноста на посетеност, големината на просторот и неговите специфики,одлуката на орг.одбор е таква,водејќи се од тоа дека врвен приоритет мора да биде грижата за јавното здравје,како за учесниците така и за посетителите. Воедно, оваа одлука се однесува и за фестивалот Josifovo summer fest, како и за сите културни и уметнички настани поврзани со манифестацијата ”Јосифовско културно лето”. Овој наш голем јубилеј 30-ГОДИНИ турнир во мал фудбал, ќе го одбележиме следната година на уште поголем начин, со многу повеќе настани кои ќе започнат веднаш штом се создадат услови за организирање на јавни собири, а кулминацијата ќе биде традиционално во Август следната година. Дел од плановите на организацијата е покрај малиот фудбал, да се одржат натпреварувања во пинг-понг, баскет 3×3, меѓународен футсал,како и манифестациите од културната програма и фестивалот Josifovo summer fest. По повод овој наш јубилеј, во изработка е монографија на тема 30-години турнир во Јосифово во која покрај главниот сегмент -малиот фудбал низ годините наназад, ќе опфаќа и дел со кој се одбележува 100 годишнината од нашето населено место. Останете во добро здравје, да ја надминеме оваа кризна состојба обединети, и заедно следната година да ги надоместиме сите пропуштени моменти.

Стои во соопштението.

Препорачуваме:

Граѓаните бираат претседател на државата

Стојне Митева

И покрај дождливиот период нивото на брана Водоча е незадоволително

Сузана Мицева

Како ке функционира командниот штаб на ЦУК