• Wed. May 15th, 2024

И покрај дождливиот период нивото на брана Водоча е незадоволително

Повеќе од еден месец трае врнежливиот период во овој регион. Дождот е добредојден за акумулациите, но, за разлика од четирите брани Маркова Река, Чаушица, Иловица и Новоселска, кои се прелеваат, нивото на Водоча е незадоволително, велат од Струмичко Поле. За еден месец наврнале само 400 илјади метри кубни вода, што е малку во споредба со количеството вода што е собрано во другите акумулации во регионот.

Во моментов оваа брана располага со вкупно 12 милиони и 700 илјади метри кубни вода.

Водоча или Струмичко Езеро — вештачко езеро меѓу селата Белотино и Попчево, Струмичко, во сливот на реките Водочница и Тркајана. Зафаќа површина од 1,9 км2 и достигнува длабочина од 42 метри. Близината на Струмица, на само 8 км од ова езеро овозможува тоа да се искористи за рекреативни активности од местен карактер, но и како дополнителен туристички мотив во рамките на пошироката туристичка понуда. Но, токму близината на викенд-населбата која е изградена буквално на брегот на акумулацијата е и закана за езерото, бидејќи отпадните води се собираат во септички јами и низ подземните канали дел од нив завршуваат и во езерото.