• Thu. May 16th, 2024

ЦУК: Мостот во Секирник е опасен за користење

Привремено да се забрани движење на мостот кај Секриник, препорачуваат од Центарот за управување со кризи. Мостот што го користат жителите од пет околни села за да ги обавуваат своите работи во полето е пред уривање. Директорот на ЦУК, Ангелов, пред некој ден и лично го провери мостот, при што утврди дека не е безбеден, особено не за тешка земјоделска механизација.

Градоначалникот на Босилово, Ристо Манчев, кој е надлежен за овој мост, вели дека лично се обратил во ЦУК за да се превенираат катастрофи. Тој бара помош од државата бидејќи општината нема средства сама да го санира.

Земјоделците од овие населени места велат дека, мостот им е многу значаен бидејќи ако не е тој, би требало да патуваат десетици километри што не е практично за полјоделската работа.