Регион

Рибар од Миравци се удави во Вардар

Педесет и шестгодишен маж од гевгелиското село Миравци се удави во реката Вардар.

Несреќата се случила вчера во 15.40 часот додека на местото викано „Три тополи“, В.М.(19) и В.Ѓ.(56), местеле мрежи во р.Вардар, кога В.Ѓ. паднал во водите на реката и потонал.

Вечерта тој бил понајден и извлечен од реката, а од страна на лекар од Итната медицинска помош Гевгелија била констатирана смрт.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција.

Препорачуваме:

Аерозагадувањето главна тема на работната конференција на Локалниот совет за превенција

Ѓ. K.

Вчера над Струмица посадени 1000 садници врн бор, багрем и чемперс

Ване Трајков

Едно медицинско лице од Струмица кое помагало во ковид – центарот во Скопје заболено со КОВИД 19

Сузана Мицева