Регион

Што договорија заменик министерот Костадиновски со откупувачите на зелката

Заменик министерот за земјоделство Ванчо Костадиновски во обид да најде решенија како да се помогне на производителите на зелка, кои со денови реагираат на ниските откупни цени. Тој во Василево се сретна со дел од трговците и земјоделските здруженија. По средбата не соопшти што е било договорено, туку дека ќе има уште еден дополнителен состанок со трговците на кој ќе се бараат конкретни решенија

Костадиновски не беше конкретен ниту по барањата на земјоделците од вчерашниот протест на патот кон Бугарија да добијат 10 денари дополнително од државата за секој килограм предадена зелка, како надомест за ниските откупни цени.

На средбата било заклучено дека сегашната откупна цена од 10 денари е резултат на понудата и побарувачката на странските пазари. Неофицијално на средбата, здруженијата но и заменик министерот побарале откупувачите да ја зголемат цената на 12 денари за килограм, но трговците не се изјасниле дали ја прифаќаат ова цена, да ја понудат на земјоделците

Препорачуваме:

Отежнат сообраќајот на повеќе патни правци

Стојне Митева

Министерката Тренчевска ќе барала средба во Струмичката епрахија за разликите во ставовите за Законот за родова еднаквост

Сузана Мицева

Угостителите со новите мерки ќе претрпат штети во висина од 18-22 милиони евра

Стојне Митева