Регион

Отежнат сообраќајот на повеќе патни правци

Отежнат сообраќајот на повеќе патни правци. Поради ниските температури, голомразица и остатоци од кашест снег, сообраќајот низ патиштата во државата утринава се одвива отежнато. Целосна забрана за сите видови мотрни возила има на патот меѓу селата Ранковце и Герман, а за неколку други патни правци има забрана за движење за тешки товарни возила, информираа од Авто-мото сојузот на Македонија утринава. Забрана за камиони има на патот Прилеп-Кавадарци, преку Плетвар, а на патот Тетово-Попова Шапка забрането е движење на камиони и на автобуси.

Забрани има и на: патните правци Битола – Ресен, преку Ѓавато, Крива Паланка-граничен премин Деве Баир, како и крак, Маврово-Дебар каде има забрана за движење на тешки товарни возила со приколка. Истото важи и за патот од Дебар кон Струга, додека во обратна насока, ос Струга кон Дебар, нема забрана.Во саботата беше забранет за сообраќај патниот правец Струмица – Валандово.

Од АМСМ потсетуваат за законската обврска за задолжително носење на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, која важи од 15 ноември до 15 март. Препорачуваат приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Тоа посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.Од АМСМ порачуваат внимателно возење.

Препорачуваме:

Опожарено дрво од Македонија преку Бугарија во форма на пелети завршува на Запад

Сузана Мицева

ВИДЕО: Дополнителни пари за лозарите и винариите погодени од ковид кризата

Реакции кај бизнис секторот во Струмица по замрзнувањето на цените

Ване Трајков