Регион

Четири жртви и десет нови случаи на ковид-19 во Југоистокот

Шест нови случаи на корона – вирус во Струмица, двајца во Валандово, по еден во Радовиш и Гевгелија. Вкупно десет нови случаи се регистрирани од Министерството за здравство изминатите 24 часа. За истиот период во регионот има и четири нови жртви.

Починале двајца пациенти од Струмица на возраст од 48 и 75 години, еден од Радовиш – 76 годишен и еден 65 годишен пациент од Дојран.

Во Југоистокот се регистрирани и 30 оздравени пациенти.

19 во Струмица,

5 во Гевгелија,

3 во Валандово и

3 во Радовиш.

Препорачуваме:

Лекот парацетамол може да ја промени психата на пациентите

Стојне Митева

Василево поставува водоводна мрежа во новата индустриска зона

Финансии до земјоделците пушти 460 милиони евра за субвенции