Регион

Лекот парацетамол може да ја промени психата на пациентите

Лекот парацетамол може да ја промени психата на пациентите

Кај главоболки или забоболки многумина посегнуваат по лекови против болки, како парацетамол. Но, откриено е дека овој лек не само што ја намалува болката, туку дејствува и врз психата.

Најголем дел од средствата против болки, како ибупрофен, аспирин или парацетамол, во Германија можат да се добијат без рецепт. Парацетамол од 500 милиграми или повеќе може да се добие само на рецепт. Но, препорачаната максимална дневна доза од 4000 милиграми може лесно да се достигне и со примање поголема количество помалку дозирани таблети, за кои не е потребен рецепт.

Многумина кои на своја рака консумираат високи дози  парацетамол,  не се свесни за можните нуспојави и последици. Во многу домови парацетамол може да се пронајде во домашната аптека. Овој лек, освен против болки, дејствува и врз снижување на телесната температура и затоа често им се дава и на деца.

средства против болки се добиваат во аптека без рецепт

Меѓутоа, парацетамолот во никој случај не е безопасен, вели Герхард Милер-Швефе од Центарот за палијативна медицина Гепинген. „Парацетамолот може да го оштети црниот дроб, што е посебно опасно кај деца, кај кои лесно може да се пречекори допуштената дневна доза“, вели овој лекар. Според него, прекумерна доза може многу брзо да доведе и до откажување на работата на црниот дроб.

„Црниот дроб поминува низ запаление, зашто штетните состојки не можат да бидат исфрлени од организмот, што доведува до имунолошка реакција. Тоа води кон запаление на дробот и што повеќе клетки во дробот се уништени низ овој процес, состојбата станува подраматична“, истакнува Милер-Швефе.

Препорачуваме:

Општина Василево ќе биде дел од пробниот Попис за земјоделство

Југоистокот двапати ќе се прска авионски против комарци

Сузана Мицева

Не користи пиротехнички средства- превентивна активност на СВР Струмица

Ване Трајков