• Thu. May 16th, 2024

Утре ќе се знае дали ќе се скратат деновите на изолација

Комисијата за заразни болести утре ќе одлучува дали ќе се скратат деновите на изолација. Исто така ќе се одлучи и дали ќе има нови мерки за спречување на пандемијата. Ова особено откако во земјата драстично се зголеми бројот на заболени лица.

-Ќе ја разгледуваме можноста да се скрати времето на изолација за граѓаните кои се регистрирани позитивни случаи на вирусот, но можно е да разгледаме и некои други опции кои ќе се однесуваат на повеќе категории-вакцинирани, невакцинирани, симптоматски случаи и така натаму. Ќе видиме што ќе препорачаме. За среќа, и покрај тоа што има многу нови заразени, сепак, многу помал е бројот на лица кои имаат тешка клиничка слика. Реално уште нема сериозна навала во болниците. Оваа варијанта дефинитивно се покажува како многу позаразна, но дава полесни симптоми. Освен тоа, од лани до сега огромен број граѓани го прележаа вирусот, половина од возрасното население е и вакцинирано.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *