Регион

Родители бараат второ полугодие со онлајн настава

Родители бараат второ полугодие со онлајн настава

Група родители организирани во движењето ПОДДРШКА ЗА ОНЛАЈН НАСТАВА, произлезено од  ФБ група со над 15 000 членови, за утре најавија прес конференција пред Владата на која ќе побараат второто полугодие да започна со онлјан настава.

-Во моментов имаме нагорна линија на позитивни лица на корона вирусот, па сметаме дека  нема услови за настава со физичко присуство во тесни училници, не почитување на протоколи, нетестирање на ученици и персонал, отворени прозорци во зимски услови, поради што за кратко време ќе се доведат во смрттна опасност голем број на семејства.

Бараме, најитно Министерството за здравство, заедно со Министерството за образование и наука во контекст на Владата на РСМ да донесат одлука со која второто полугодие ќе започне со онлајн настава за сите ученици. Според здравстевните стручњаци пикот на епидемијата ќе се случи на почетокот на февруари, а здравјето е приоритет на секоја држава. Посебно здравјето на децата, хроничо болните и повозрасните кои се најчести жртви на оваа болест, велат од движењето.

Препорачуваме:

Отворена сензорна соба во градинката „Виножито“, донација од Амбасадата на Кина

Ѓ. K.

Шаренило од бои и рај за очи – фонтаната на кружниот тек кај булевар Маршал Тито доби нов лик

Ѓ. K.

Полицијата потврди: Пронајденото тело кај браната Турија дадено на обдукција

Сузана Мицева