• Sun. May 12th, 2024

Полицијата потврди: Пронајденото тело кај браната Турија дадено на обдукција

Струмичката полиција ја потврди информацијата дека е пронајдено човечко тело кај браната Турија и дадено е на обдукција. На местото каде што е пронајден машкиот труп присуствувал и јавен обвинител и увидна екипа на МВР.

Портпаролот на СВР, Хризантема Рендевска, вели дека додека не заврши обдукцијата и се добие наодот од истата, не можат да шпекулираат со причините за смртта и со идентитетот на мажот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *