• Wed. May 15th, 2024

Во земјава во моментов на трите прифатни центри има околу 60 тина бегалци и мигранти

Во земјава во моментов на трите прифатни центри има околу 60 тина бегалци и мигранти.Од УНИЦЕФ велат дека бројката и не е така голема , условите во кои во моментов се сместени ги задоволуваат потребите , но сметаат дека државата треба да се заложи за нивна интеграција во општеството.Голем дел од нив кои се подолг период во прифатните центри веќе солидно зборуваат македонски јазик.

Последниот извештај на УНИЦЕФ со наслов „Глобални трендови“ УНХЦР наведува дека приближно 70,8 милиони луѓе во светот се присилно раселени, што е двојно повеќе во споредба од пред 20 години. Бројката од 70,8 милиони лица се однесува на трите главни групи – бегалци, баратели на азил и внатрешно раселени лица, кои ги има најмногу – 41,3 милиони луѓе.

Иако , околу 120 бегалци и мигранти имаат поднесено барање з азил во земјава , заклучно со мај, надлежните немаат прифатено ниту едно барање.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *