Регион

Двајца гевгеличани и велешанец истрчаа полумаратон во чест на Ѓургица Ќаева

За време на месецот на свесност за пулмонална хипертензија, месецот Ноември, Здружението за пулмонална хипертензија (ПХА), во светот, низ разни манифестации, има за цел да ја зголеми свеста за оваа изнемоштена болест.За да ја поткрепат оваа свест, да донираат храброст и љубов и мир на луѓето болни од болеста и да искажат достојна почит кон храбрата жена со голема енергија, Ѓурѓица Ќаева, претседателка на Aсоцијацијата за Пулмонална хипертензија од Гевгелија „Момент плус, која ја загуби битката со оваа болест во август месец оваа година, тројца маратонци, двајца од Гевгелија и еден од Велес, Валентина Узунова, Дарко Прошев и Мијалче Андоновски вчера истрчаа полумаратон од Паљурци, преку Богданци, Стојаково, и Богородица до Гевгелија, пренесува Телевизија Нова 12 од Гевгелија.

Поради пандемијата од коронавирусот, трчаа само тие тројца, но тие трчаа во името на сите оние многубројни поддржувачи кои се сеќаваат на Ѓурѓица и на сите оние кампањи кои таа ги организираше за запознавањето на сите граѓани со оваа ретка болест и нејзината борба до последен здив да ги убеди здравствените институции да обезбедат навреме лекови за сите заболени. Ѓурѓица ја загуби битката, но нејзините следбеници продолжуваат да се борат, таму каде што таа застана, за подостоинствен третман на државата не само кон болните од пулмонална хипертензија, туку и на сите заболени од ретки болести.

Препорачуваме:

Во ограничен простор и под посебен протокол годинашниот Струмица опен фестивал

Сузана Мицева

Фото – Општина Конче го одбележа Денот на наставата на турски јазик, Градоначалникот Илиев го посвети на наставниците

Ване Трајков

Видео: Концерт под маски на ОМУ „Боро Џони“-„Алиса во земјата на чудата“