Регион

Фото – Општина Конче го одбележа Денот на наставата на турски јазик, Градоначалникот Илиев го посвети на наставниците

Градоначалникот на Општина Конче Благој Илиев заедно со Советот и здруженијата на граѓани „Зија Гокалп“ и „ Караџаоглан“ со пригодна програма по вторпат го одбележаа „Денот на наставата на Турски јазик“во ова локална самоуправа каде има и турско малцинство . На одбележувањето ученици од училиштата од ова општина кои следат настава на турски и македонски јазик имаа културно уметничка програма преку која го презентираа соживотот  и негувањето на традиционалните културни вредности од своите заедници

На одбележувањето пред присутните во Домот на културата во Конче се обрати и првиот човек на општината Благој Илиев кој овој ден го посвети на наставниците по турски јазик како личности кои  ги воспитуват и  образуваат младите во вистински личности за промоција на сопствената општина

,,Ми претставува особена чест,гордост и задоволство што од толку мала општина имаме толку голем број на образовани граѓани кои придонесувале и ќе придонесуваат за иднината на нашата општина, младите и на сите нас. Мислам дека денес особено значење треба да им дадеме на нашите наставници кои се најзаслужните што нашите деца и млади добиваат добра основа на која може да се надоградат и да израснат во личности корисни за цело општество,, истакна градоначалникот на Конче Благој Илиев.

 

Препорачуваме:

Уште многу работа за еднаков третман на мигранти и етнички заедници

Dimitar Micev

Од полноќ нови цени на горивата

Стојне Митева

Со филмот „Јас, дете“ во Гевгелија одбележан Светскиот ден за борба против трговија со луѓе

Сузана Мицева