• Mon. May 13th, 2024

Со филмот „Јас, дете“ во Гевгелија одбележан Светскиот ден за борба против трговија со луѓе

Локалната комисија за борба против трговијата со луѓе илегалната миграција при Советот на Општина Гевгелија го одбележува 30 Јули- Светскиот ден против трговијата со луѓе. За таа цел, во соработка со Домот на културата „Македонија“- Гевгелија и Драмското аматерско студио „Дон Кихот“ е сниман краток филм, по сценарио на монодрамата „Јас, дете“ од Владо Димовски, македонски автор кој пишува литература за деца. Станува збор за сценарио, во кое се прикажуваат најчестите причини и ризици кои придонесуваат за појава на трговија со луѓе, претежно деца, поради маргинализирани и дисфункционални семејства, злоупотреба на алкохол, дрога и злоупотреба на социјални мрежи.            

 Во филмот главната улога ја игра Aнгела Михајлова, а статисти се: Силвестер Проле, Светлана Стојковиќ, Ристе Чурлинов, Синиша Чамчиќ и Васко Трајков. Режијата е на Катица Џишева Дупарова. Сниманиот филм „Јас, дете“, главно наменет за младата популација, но и за возрасната категорија, има за цел да ја подигне свеста и да допре до сите луѓе за овој глобален проблем, со кој се соочува човештвото и ризиците кои се последица на истиот. Објавен е на официјалните веб-страна и Фејсбук-страна на Општина Гевгелија.             

Имено, во општина Гевгелија, во последните 10 години, се идентификувани 3 малолетни лица во присилен брак и сексуална експлоатација. На територија на државата, во 2020 година се идентификувани 12 жртви, од кои 1 полнолетен маж за трудова експлоатација и 11 малолетни девојчиња за сескуална експлоатација.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *