Регион

Центар за јавно здравје Струмица: Нема опасност од ширење на вирусот од новите случи на КОВИД 19

Два случаи на корона-вирус регистрирани во Струмица. Едниот од валандовско Балинци, другиот од струмичко Банско. Од Центарот за јавно здравје апелираат за смиреност бидејќи нема опасност за ширење на вирусот во градот и околината.

Пациентот којшто е позитивен на КОВИД 19 од Балинци бил тестиран на пунктовите на Центарот за јавно здравје, додека другиот пациент е сместен во градската општа болница 8 ми Септември. Од Центарот за јавно здравје велат дека пациентот од Банско бил на лекување во Скопје заради друго заболување.

Во општина Струмица досега имаше само еден случај на КОВИД 19. Уште два случаи имаше регистрирано во општините Босилово и Ново Село.

Препорачуваме:

Што ќе учат првачињата од септември?

Стојне Митева

Пожар од плинска боца во Струмица

Сузана Мицева

Засилени контроли во сообракајот – констатирани 50 прекршоци

Ване Трајков