Регион

Фото – Над 120 специјалитети од праз на десетата ,,Празијада,, во Градашорци

Денеска во василевското село Градашорци по десетти пат се одржа манифестацијата „Ден на празот“ . На познатата Празијада, домаќинките ги покажаа вештините во подготовка на специјалитети со праз, а производителите го покажаа родот.
Градоначалникот на Василево, Марјан Јанев рече дека ќе ја поддржуваат манифестацијата како место на кое се среќаваат и трговците и производителите, но и се празнува празот кој е препознатлив и надалеку прочуен белег на Градашорци.
-Наш приоритет ќе биде привлекување на инвеститорите кои ќе отворат откупни центри во нашата општина, бидејќи празот со својот квалитет е препознатлив не само во државата туку и надвор од неа. Наша интенција ќе биде оваа градинарска култура да биде застапена во текот на целата година и да се зголемат површините за да бидеме конкурентни на пазарите, рече градоначалникот Јанев.
Инаку во Градашорци се дегустираа над 120 специјалитети од праз подготвени од домакинките на општина Василево

ФОТОГАЛЕРИЈА

Posted by Strumica Portal on Sunday, November 5, 2017

Препорачуваме:

Во пресрет на Светскиот ден на лицата со попреченост синоќа во Струмица се одржа „Убави сме, свои сме“

Ѓ. K.

За еден ден 31.245 лица ја инсталирале апликацијата #StopKorona!

Стојне Митева

ВИДЕО: Градоначалникот Јаневски со отчет за годишниот мандат