• Fri. May 17th, 2024

Во пресрет на Светскиот ден на лицата со попреченост синоќа во Струмица се одржа „Убави сме, свои сме“

ByЃ. K.

Dec 3, 2023

И оваа година се одржа извонредната манифестација „Убави сме, свои сме“ која традиционално се одржува во пресрет на 3 Декември – Светскиот ден на лицата со попреченост.

Кога се во прашање организаторите од Здружението за помош и поддршка на лица со даунов синдром „Вера“ – Струмица, тогаш промашување нема. Напротив, тие од година во година искачуваат се повисоки скалила во поглед на организацијата. Така е секогаш кога во преден план е љубовта кон децата, без разлика колку тие се разликуваат едни од други.

Седмото издание на „Убави сме, свои сме“ уште еднаш покажа дека оваа „модна ревија“, со својата автентичност, заслужено се проби во самиот врв на препознатливи манифетсации во нашиот град. Огромната посетеност и овојпат ја потврди поддршката на струмичани за децата со даунов синдром но, и за другите деца со попреченост.

Безрезервна поддршка од Градоначалникот Костадин Костадинов и поддршката на Општина Струмица, и овојпат не изостанаа. Поинаку и не може да биде.

Седумпати „браво“ за седмата по ред „Убави сме, свои сме“.

By Ѓ. K.