• Thu. May 16th, 2024

Стапуваат на сила препораките и мерките за надминат праг на алармирање на суспендирани честички ПМ 10 во Струмица

ByЃ. K.

Dec 2, 2023

Согласно Уредба за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр. 183 од 14.12.2017 година) во која е дефиниран прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150 mg/m3 во текот на два последователни денови) и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, Ве информираме дека истиот е надминат на мерното место во СТРУМИЦА.

Во табелата се прикажани среднодневните концентрации на PM10 на мерното место каде има појава на надминување на праг на алармирање.

Струмица

30.11.2023 156.12

01.12.2023 236.99

*концентрациите се изразени во mg/m3

Согласно заклучоците од записникот од 40та седница на Владата на Република Македонија одржана на 28.11.2017 година, за градот Струмица стапуваат на сила препораките и мерките.

By Ѓ. K.